Достапни линкови

Москва и Киев потпишаа договор за снабдувањето со гас


Русија и Украина во Брисел го потпишаа клучниот договор со кој се гарантира украинско снабдување со руски гас во текот на претстојната зима. Договорот кој беше постигнат со посредство на Европската унија беше потпишан од министрите за енергија на двете земји и од еврокомесарот за енергија Гинтер Етингер. Тој изјави, дека, според договорот, Украина за неколку денови ќе и плати на Русија скоро милијарда ипол долари со цел Москва да ја продолжи испораката на гас. Веднаш потоа, според Етингер, цената на гасот за Украина треба да биде намалена за 100 долари, односно на 385 долари за илјада кубни метри гас. Украина до крајот на годинава треба на Русија да и исплати уште над милијарда ипол долари.

XS
SM
MD
LG