Достапни линкови

logo-print

Израел -тензии по обид за атентат врз рабин


Израел повторно ја отвори Ал-Акса џамијата во Еруслам, само неколку часа откако нарача нејзиното затворање. Овој потег уследи по повиците од арапските земји и од САД на муслиманските верници да им биде дозволен влез во џамијата.

Портпаролка на полицијата во Ерусалим рече дека утре ќе им биде дозволен само влез на мажи над 50 години. Затворањето на џамијата се должи на зголемените стравувања за немири за време на петочната пладневна молитва. Портпаролката на американскиот Стејт департмент Џен Псаки ги повика сите страни да покаже воздржаност во услови на тензии по обидот за атентат на тврдокорниот рабин Јехуда Глик во Ерусалим. Напаѓачот на рабинот беше убиен од страна на израелската полиција рано денеска.

XS
SM
MD
LG