Достапни линкови

logo-print

„Ер Ерменија“ ги одложи сите летови до 20 декември


Единствената авиокомпанија во Ерменија, „Ер Ерменија“ која расолага со само еден авион, ги одложи сите летови до 20 декември. Тие велат дека се соочуваат со финансиски проблеми поради Русија. Од компанијата велат дека не можат редовно да вршат услуги поради „паниката“ меѓу инвеститорите и потрошувачите која настанала по изјавата на Рускиот сервис за воздухопловна навигација. Тие во септември соопштија дека ќе забранат на „Ер Ерменија“ да лета до Русија, ако компанијата не ги подмири заостанатите долгови. Сега од авио компанијата велат дека поради тоа била оштетена репутацијата на компанијата, а нејзината флота била намалена само на еден авион.
Од Комапнијата велат дека руските компании презеле 80 проценти од ерменскиот пазар, откако Еревен минатата година ја соопшти својата политика за отворен воздушен простор. Ерменската авиокомпанија освен до руски градови, леташе и до Париз, Франкфурт и Атина.

XS
SM
MD
LG