Достапни линкови

logo-print

Додик и Човиќ договорија формирање влада на државно ниво во БиХ


Милорад Додик, Бакир Изетбеговиќ и Драган Човиќ.

Милорад Додик, Бакир Изетбеговиќ и Драган Човиќ.

Делегации на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) и на Хравтската демократска заедница (ХДЗ БиХ) денеска во Мостар се договорија двете партии да бидат главнината на власта на државно ниво во Босна и Херцеговина и да соработуваат во воспоставувањето на власта на ниво на ентитетите и кантоните.

Претседателот на СНСД, Милорад Додик, рече дека партнерството меѓу двете партии трае долги години и дека ќе продолжи и во иднина, изразувајќи уверување дека соработката ќе биде воспоставена и на ентитетско и на кантонално ниво.

Лидерот на Хрватите во БиХ, Драган Човиќ, од своја страна, изјави дека ХДЗ БиХ, СНСД. како и третата, бошњачка, победничка партија - Партијата за демократска акција (СДА), ќе ја сочинуваат власта на сите нивоа, потсетувајќи дека вчера веќе разговарал со лидерот на СДА, Бакир Изетбеговиќ.

И Додик и Човиќ сметаат дека власта на сите нивоа ќе биде формирана во што е можно поскоро време и тоа на ниво на РС и во кантоните до крајот на ноември, а на ниво на БиХ до крајот на годината.

XS
SM
MD
LG