Достапни линкови

Ставрески - Владата се бори против иселувањето


Владата работи на економскиот развој на Македонија и остварува резултати што помагаат помал број лица да се иселат од земјата, рече вицепремеирот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната седница на пратенички прашања.

Ставрески вели дека податоците презентирани од Светска банка дека 440 илјади Македонци се иселиле се однесува на период од 50 години. Тој вели дека основна причина зошто некој би сакал да ја напушти земјата е неможноста да најде тука перспектива, односно да најде работно место.

Според него, не е едноставно да се обезбеди егзистенција за сите и да се задржат сите, посебно кога се отвораат вратите во Европа и кога и во Бугарија, во Србија, во сите околни земји се случуваат слични трендови.

XS
SM
MD
LG