Достапни линкови

logo-print

Банкарскиот систем е стабилен, оцени НБРМ


Гувернерот Димитар Богов.

Гувернерот Димитар Богов.

Банкарскиот систем и во услови на надворешно опкружување исполнето со големи предизвици, успеа да ја задржи ликвидноста и солвентноста, а со тоа и својата стабилност и сигурност, оцени Советот на Народната банка на денешната седница на која го разгледуваше Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во Македонија во вториот квартал од 2014 година.

„Носител на растот на изворите на финансирање на банките се депозитите на нефинансиските лица, а во нивни рамки посебно се издвојува растот на денарските депозити на домаќинствата со поголема договорна рочност, што претставува директен одраз на довербата којашто банките ја имаат кај домашната јавност“, соопшти кабинетот на гувернерот на НБРМ.

Растот на кредитирањето е малку поизразен кај кредитите на домаќинствата, но забрзува и годишниот раст на кредитната поддршка на корпоративниот сектор.

На седницата е оценето дека кредитниот ризик и натаму е најприсутниот ризик во банкарскиот систем на Република Македонија, но оти поради целосната покриеност на нефункционалните кредити со вкупната исправка на вредноста, се намалува опасноста од нивната ненаплатливост за солвентноста на банките.

XS
SM
MD
LG