Достапни линкови

Мала група ирачки Курди пристигна во Кобани


Десет ирачки курдски борци влегле во сирискиот град Кобани за да им помогнат на сириските Курди кои се борат против милитантите на Исламската држава. Курдските и турските власти велат дека поголема група треба да пристигне во следните часови. Во меѓувреме Сирија ја обвини Турција дека врши флагрантно кршење на нејзината сувереност со тоа што дозволува странски сили и терористички групи да влезат во Сирија. Околу 100 припадници на Пешмерга силите со авион допатуваа во Турција, а исто така пристигна и оружје и возила.

XS
SM
MD
LG