Достапни линкови

Почина академик Благој Попов


Македонската академија на науките и уметностите соопшти дека почина академик Благој Попов, член на Македонската академија на науките и уметностите од нејзиното формирање во 1967 година. Тој дипломирал во Белград на Филозофскиот факултет (група математика) во 1946 година. Во 1946 и 1947 година студирал на Електро-техничкиот факултет во Белград. Докторирал на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Скопје, во 1952 година, како прв доктор на науки. Извршувал високи функции на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а еден период бил и ректор на Универзитетот во Скопје. И во Македонската академија на науките и уметностите извршувал високи функции. Тој бил член на Меѓународната астрономска академија во Париз и член на Њујоршката академија.

XS
SM
MD
LG