Достапни линкови

Во Тунис победи секуларистичката партија


На изборите во Тунис победи секуларната партија „Нида Тоунис“ или Повикот на Тунис. Партијата освои најмногу места во парламентот на оваа северноафриканската земја. Официјалните резултати покажуваат дека партијата освоила 85 места во собранието во кое има 217 места, додека исламистичката партија Енахда освои 69 места. Изборите на 26 октомври беа втори такви откако во Тунис беше соборен претседател Зине ал-Абедин Бен Али кој владееше со Тунис 25 години. Тој беше соборен на насилните протести во 2011 година кои ја иницираа Арапската пролет ширум Северна Африка и на Блискиот Исток.

Енахда освои речиси половина од пратеничките места на изборите во 2011 година и формираше времена влада со цел да донесе нов Устав.

XS
SM
MD
LG