Достапни линкови

Демонстранти во Буркина Фасо го запалија парламентот


Демонстрантите во Буркина Фасо го запалија парламентот во главниот град Уагадугу. До денешните насилства дојде во време кога пратениците требаше да расправаат за уставните измени со кои треба да му се овозможи на претседателот Блез Компаоре повторно да се кандидира на изборите наредната година и да добие можност да продолжи да владее и по 27 години на чело на оваа западноафриканска држава. Полицијата употребила солзавец да ги спречи демонстрантите да влезат во Парламентот. Државната телевизија исто така прекина со емитување на програма откако демонстрантите ја нападнаа зградата и ја разграбуваат опремата. Толпата потоа се упати кон кабинетот на претседателот додека хеликоптер ги надлетуваше. Компаоре дојде на власт со државен удар во 1987 година и оттогаш четири пати победи на спорни избори. Опозицијата поведе кампања за граѓанска непослушност со барање тој да се повлече наредната година.

XS
SM
MD
LG