Достапни линкови

Израел со критики до Шведска поради Палестина


Израелскиот министер за надворешни работи, Авигдор Либерман.

Израелскиот министер за надворешни работи, Авигдор Либерман.

Израел ја критикува одлуката на Шведска за признавање на палестинската држава. Израелскиот министер за надворешни работи, Авигдор Либерман изјави дека признавањето на палестинската држава од страна на Шведска е непристојна одлука.

„Шведска треба да разбере дека односите на Блискиот Исток се многу посложени од лесно склопливиот мебел на ИКЕА“, изјави Либерман.

Палестинскиот лидер Махмуд Абас, пак, ја оцени одлуката на Шведска како храбра и историска и повика другите земји да го следат примерот на Шведска.

Шведска официјално ја призна државата Палестина со што стана прва поголема европска земја која го стори тоа. Шефицата на шведската дипломатија Маргот Валстром оценува дека тоа е важен чекор што го потврдува правото на Палестинците за самоопределување.

XS
SM
MD
LG