Достапни линкови

На Киргистанците ќе им требаат пасоши за влез во Русија


Граѓаните на Киргистан од 1 јануари 2015 година нема да можат повеќе да влегуваат во Русија без пасоши. Од 2007 година со договор меѓу двете земји, граѓаните можеа да патуваат со внатрешни документи за идентификација, а отсеа ќе мора да имаат пасоши. Измените ќе се одразат на стотици илјади Киргистанци кои работат во Русија.

Москва претходно оваа година најави дека сака да ги заостри прописите за влез во Русија од страна на државјани на поранешните советски републики, кои не се членки на Царинската унија и на Евроазиската економска унија, кои се предводени од Русија.

Царинската унија во моментов се состои од Русија, Белорусија и Казахстан, а Киргистан потпиша договор дека ќе се приклучи.

XS
SM
MD
LG