Достапни линкови

Шведска ја призна Палестинската држава


Шефицата на шведската дипломатија Маргот Валстром

Шефицата на шведската дипломатија Маргот Валстром

Шведска официјално ја призна државата Палестина со што стана прва поголема европска земја која го стори тоа. Денешното соопштение не е изненадување со оглед на тоа што Шведска во почетокот на месецов сигнализираше дека ќе ја признае Палестинската држава. Шефицата на шведската дипломатија Маргот Валстром оценува дека тоа е важен чекор што го потврдува правото на палестинците за самоопределување. Израел неодамна оцени дека шведското признавање ќе ги поткопа напорите за изнаоѓање мирно решение за Блискиот Исток. Пред две недели британскиот парламент се изјасни за признавање на Палестина, но таа одлука не е обврзувачка за британската влада.

XS
SM
MD
LG