Достапни линкови

СТО: опаѓа бројот на заразени од ебола во Либерија


Светската здравствена организација соопшти дека во Либерија, најмногу погодена со ебола западноафриканска земја, се намалувало ширењето на овој смртоносен вирус. Сепак, како што изјави помошник генералниот директор на СТО Брус Ајлвард, се уште било прерано за оптимистички заклучоци. Според податоците, од еболата во Либерија починале помалку луѓе отколку што се проценуваше. Во меѓувреме, 40 евроспки политичари и видни личности побараа од НАТО да распореди персонал, бродови и авиони за да помогне во справувањето со еболата во западна Африка.

XS
SM
MD
LG