Достапни линкови

logo-print

Шефовите на дипломатиите на Западен Балкан во Братислава


Во Братислава денеска почнува дводневен состанок на шефовите на дипломатиите на Вишеградската четворка и на земјите од Западен Балкан на кој ќе учествува и високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. Од состанокот, како што соопшти министерството за надворешни работи на Словачка, се очекува уште една потврда на потребата од натамошно проширување на Унијата. Министрите на Полска, Чешка, Словачка и Унгарија се очекува да се согласат и околу формирањето специјален фонд на солидарност за Западен Балкан со седиште во Тирана. Сличен таков фонд за поддршка на регионалната соработка има и Вишеградската група.

XS
SM
MD
LG