Достапни линкови

Навремен третман, клучен лек за еболата


Младите имаат помалку шанси да умрат од ебола, а лекувањето во рана фаза на таа смртоносна болест е од клучно значење. Ова се наведува во досега најдеталниот извештај за медицинските аспекти во третаманот на еболата, подготвен од здравствени работници кои биле директно вклучени во лекувањето на ова вирусно заболување во Сиера Леоне. Овој извештај фрли ново светло врз болеста од која годинава починаа над 5 илјади луѓе. Во него се наведува дека таа многу тешко се отјрива и оти инкубацијата на вирусот е од шест до 12 дена, а грозницата е најчест симптом.

XS
SM
MD
LG