Достапни линкови

Без стратегија против нарко бизнисот во Авганистан


Специјалниот генерален инспектор за обновата на Авганистан Џон Сопко предупреди дека профитабилното производство на опиум им се заканува на напорите за обнова на таа земја. Во редовниот тримесечен извештај, објавен денеска, тој наведува дека главно не успеваат обидите на американците и на меѓународната заедница за справување со нарко бизнисот во Авганистан. „Тие немаат единствена стратегија. Од друга страна во стратегијата не се вклучени и самите авганистанци“, изјави Сопко во интервју за Радио Слободна Европа. Тој додаде дека Вашингтон изгубил над 7 милијарди долари за борба против нарко бизнисот во Авганистан во изминативе 13 години. Во овој бизнис биле вклучени над 410 илјади луѓе, што е многу повеќе од безбедносните сили во Авганистан.

XS
SM
MD
LG