Достапни линкови

Милитанти на ИД ослободиле 25 курдски деца


Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека милитанти на Исламската држава ослободиле 25 курдски деца. Станува збор за последната група од 150 деца од 13 и 14 години кои биле киднапирани во мај годинава во близина на градот Кобани. Опсерваторијата која ја следи војната во Сирија, наведува дека децата биле ослободени во градот Минбиџ. До ова дојде во момент кога се водат борби меѓу милитантите на исламската држава и курдските сили за контрола врз Кобани.

XS
SM
MD
LG