Достапни линкови

Русија и Украина продолжија со преговорите за гас


Русија и Украина денеска во Брисел ги продолжија преговорите за испораката на гас, под покровителство на ЕУ. На денешните преговори присуствуваа министрите за енергија на Украина и на Русија, Јуриј Продан и Александар Новак, како и комесарот за енергија на ЕУ, Гинтер Отингер. Денешните преговори доаѓаат по претходната рунда преговори, на 21-ви овој месец, кои според евро-комесарот за енергија завршиле со извесен напредок, но не беше постигнат договор. Отингер денеска изјави дека има одредени пречки кои се однесуваат на сметките кои Укриана не ги платила на Русија откако таа побара повисоки цени за гасот. Русија исто така бара авансно плаќање за новите испораќи.

Русија во средината на јуни годинава ја прекина испораката на гас за Украина, тврдејки дека Киев должи 5,3 милијарди долари за претходно испорачаниот гас.

Москва неодамна изјави дека ќе и продаде гас за Украина по цена од 385 долари за 1000 кубни метри гас, што е многу пониска од претходно бараните 485.

XS
SM
MD
LG