Достапни линкови

logo-print

Фејсбук коментари за Геј парада во Македонија


Голем број наши читатели коментирале на темата дали има услови за геј парада во Македонија на нашата Фејсбук страна. Најголем дел од коментарите се негативни.

Хајд паркот на темата - Има ли во Македонија услови за Парада на гордоста има убедливо најмногу коментари на нашиот Фејсбук профил во изминатите денови. Па така Сашо Васев напишал: „Која гордост. Не знам, па не се ни свесни дека тоа е поопасно од ебола. Тоа е вирус, кој ја инфицира планетата за кој нема лек. Жално и срамно, ама светот е нивни, бидејќи нивни членови за жал сè повеќе ги има се неспособни да погледнат во реалноста. Живеат во излузии. Каква е таа гордост“, прашува тој на крајот.

Која гордост. Не знам, па не се ни свесни дека тоа е поопасно од ебола. Тоа е вирус, кој ја инфицира планетата за кој нема лек.

Ванчо Вранишкоски Коде ќе се надоврзе дека Тие (гордите) луѓе се срам за општеството. На Кире Тодоровски, пак, не му е јасно зошто е потребна таква парада. Некои од нашите фанови како Зуфер Бајрами порачува дека следно ќе биде правото за посвојување на деца, а самата парада би значела инспирација за останатите кои сакаат да бидат во клубот и на крајот заклучува дека тоа би било штетно.

Пепита Бос е една од ретките која не се согласува со останатите коментари. Млади луѓе од 21 век со вакви неолитски размислувања, па вие сте толку огорчени од сè и сешто, просто не постои нешто што не ви смета и сите до еден сте експерти на ова прашање. Жални сте, за жалење... Кој како сака нека си живее, кои сте па вие да им судите на другите?“, пишува таа.

Има ли во Македонија услови за одржување на Парада на гордоста? Погледнете ја анкетата, а вашиот коментар можете да го оставите во нашата рубрика Хајд Парк.

Голем број на коментари привлече и текстот за тоа кој е одговорен за тоа што учат македонските деца по спорните дефиниции во учебникот за граѓанско образование за осмо одделение. Томислав Методи искоментирал дека баш сака сорос-новинарите по име да ги ословуваат странските политичари и да ни покажат со пример како изгледа „слобода“. Неговиот коментар се однесува на делот од учебникот каде е наведено дека ако новинарите им се обраќаат на премиерот и на претседателот само со име, тоа значело дека не ги почитуваат институциите и немаат доверба во нив.

Епа битно е какви млади луѓе ќе создадеме. Какви умови. Секој кај нас се вади на небрежност.

На тоа Маринела Мишева Ристовска му посочува која е вистинската поената на текстот, односно дека учебникот „случајно“ поминал пред рецензентите, така демек како небитно нешто. Епа битно е какви млади луѓе ќе создадеме. Какви умови. Секој кај нас се вади на небрежност. Вие господине со овие сорос новинарите, ама ич не ми е гајле за нив и за некој друг. Се работи за младината на оваа земја. Моите три деца. Кој има право да ги оскатува и учи на глупости, прашува Ристовска. Наместо да се грижите за сорос новинарите и слични глупости размислете што е поентата на ситуацијата, вели таа.

Во врска со текстот дека наместо политички дијалог има партиски монолози, Мики Тодоровски за партиите ќе напише дека одат и ги лажат и манипулираат граѓаните. Тој притоа и предупредува: „Ако ми се појават на моја врата со дрво ќе ги мавам!“ На тоа, Билент СДСМ ќе му возврати дека не верува оти тоа некое Македонче ќе го направи.

Пепита Бос искоментирала и на текстот Дипломата битна, практичното знаеше побитно дека според неа дипломата е битна, практичното знаење побитно ама книшката најбитна!

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG