Достапни линкови

Роснефт бележи драматичен пад на профитот


Рускиот државен нафтен гигант Роснефт соопшти дека нивниот профит во третиот квартал од годинава драматично се намалил по западните санкции против нив поради руското мешање во кризата во Украина. Компанијата денеска соопшти дека нето профитот во третата четвртина од годинава се намалил за неверојатни 99,3 проценти во однос на истиот период минатата година, односно од речиси 3,3 милијарди долари на 24,4 милиони долари. Пристапот на Роснефт до западни финансии и технологии, потребен за сервисирање на долгот и за оспособување на нафтените полиња во источен Сибир, е прекинат поради санкциите. Роснефт исто така е погоден и поради падот на руската рубља во односот на доларот и еврото. Рускиот министер за економски развој Алексеј Уљукајев денеска рече дека владата не може да одговори на барањата на Роснефт за понатамошна финансиска помош за сервисирање на долговите. Компанијата во август побара од владата помош од 45 милијарди долари за враќање на долговите.

XS
SM
MD
LG