Достапни линкови

Турција - продолжува акцијата по затрупаните рудари


И денеска продолжи спасувачката операција за извлекување на 18 рудари, кои се блокирани во рудник за јаглен во јужна Турција, но се помали се надежите дека тие живи ќе бидат извлечени, јави ДПА.

Рудартите се бликирани на околу 400 метри под земја откако вчера беше поплавен дел од рудникот во Ерменек, округ Караман.

Спасувачките екипи се обидуваат да ја испумпаат водата од рудникот, но процесот бавно се одвива. Спасувачите не можат да стигнат до рударите поради темнината и високот ниво на водата.

Засега не е воспоставено врска со рударите, а се претпоставува дека тие нашле засолниште во галеријата на рудникот.

Претседателот на синдикатот на рудартите Ергјун Аталај изјави дека мали се шансите рударите да бидат спасени.

XS
SM
MD
LG