Достапни линкови

Лизгање на земјиште во Шри Ланка, 100 луѓе потрупани


Најмалку 100 луѓе се потрупани при лизгање на земјишти во Шри Ланка. Според тамошните власти, кои го посетиле местото на несреќата, нема шанси луѓето да преживеат. Првичните проценки биле дека се потрупани 300 луѓе, но подоцна се утврдило дека повеќето биле на училиште или на работа. Спасувачката мисија е прикинета со доаѓањето на ноќта, а властите велат дека ќе продложат изутрина. Воен претставник соопшти дека се потрупани 75 куќи, а тие што останале без своите домови, се сместени во две училишта.

XS
SM
MD
LG