Достапни линкови

logo-print

Редовни летови од Ереван до Крим и покрај протестите од Киев


Авио компанијата Грозни Ер од Чеченија продолжува со плановите да почне со редовни летови од Ереван до Крим и покрај протестите од Киев. Во компанијата велат дека првиот лет за Крим е предвиден за 17 ноември. Украинскиот амбасадор во Ерменија, Иван Кухта, пред новинарите во Ереван денеска изјави дека сите комерцијални летови меѓу Ереван и Крим мора прво да бидат одобрени од Киев. Портпаролот на државната ерменска Дирекција за цивилна воздушна пловидба, Рубен Грѕелиан, пред пет дена рече дека на Грозни Ер нема да му биде дозволено да лета меѓу Ерменија и Крим, откако украинскиот полуостров беше анектиран од Русија во март годинава. САД, ЕУ и Генералното собрание на ОН ја прогласија анексијата за нелегална.

XS
SM
MD
LG