Достапни линкови

logo-print

Киргистан со високи казни за попречувачите на патишта


Киргистан ги засили казните за оние кои ќе блокираат изградба на патишта. Од Кабинетот на претседателот Алмазбек Атамбаев денеска соопштија дека тој ќе го потпише нацрт законот, со што тој ќе стапи на сила. Многумина граѓани досега попречуваа изградба на патишта, бранејќи ги своите куќи. Новиот закон предвидува зголемување на казните од 80 долари на 1.100 долари и пет дена во затвор за оние кои ќе ги блокираат редовните патишта. А тие што блокирале стратешки автопат, за 24 часа може да бидат осудени на три години затвор.

Во последните години, антивладини демонстранти и активисти блокираа патишта и автопатишта, понекогаш запирајќи го превозот со недели.

XS
SM
MD
LG