Достапни линкови

logo-print

Пакистан - успешно напредува офанзивата против милитантите


Успешно напредува четиримесечната офанзива против милитантите во северозападен Пакистан, соопшти денеска пакистанската Армија. Портпаролот на армијата, соопшти дека повеќето области на Северен Вазиристан биле ослободени од милитантите. Според него веќе се чувствуваат позитивни ефекти од операцијата, бидејќи во земјата има намалување на терористички напади, изнуда и киднапирања. Во операцијата загинале 1.100 милитанти и 100 војници, соопштуваат пакистанските власти, но информацијата не може да биде независно потврдена. Портпаролот го обвини Авганистан дека не соработува во борбата против милитантите, оти тие слободно можат да ја поминуваат границата.

XS
SM
MD
LG