Достапни линкови

logo-print

Роснеф не предложил контрасанкции, најави тужба


Најголемата нафтена компанија во Русија, Роснефт, се закани дека ќе го тужи рускиот дневен весник Комерсант поради објавен текст во кој се тврди дека нафтениот гигант му испратил на претседателот Владимир Путин предлози за контрасанкции против западни компании и поединци. Комерсант денеска објави дека предлозите од државната компанија Роснефт предвидуваат ограничување на соработката на Меѓународната вселенска станица, забрана за депонирање на нуклеарен отпад од САД и од ЕУ во Русија и можна конфискација на имот во Русија во сопственост на западните земји или на нивни државјани.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, негира дека имало какви било предлози од Роснефт за санкции, но советникот на претседателот, Андреј Белоусов, и министерот за економија Алексеј Уљукајев се чини дека имаат спротивен став. Државната руска новинска агенција ТАСС, го цитираше Белоусов, кој рекол: „Внимателно ги проучуваме предлозите на Роснефт“. Комерсант објави дека „руски владини претставници“ им дале информации за наводните предлози. Роснефт испрати соопштение во кое се вели дека компанијата е „длабоко шокирана“ од текстот во Комерсант и оти може да го тужи весникот.

XS
SM
MD
LG