Достапни линкови

Арсениј Јатсењук најверојатно останува премиер на Украина


Арсениј Јатсењук.

Арсениј Јатсењук.

Арсениј Јатсењук најверојатно ќе остане на функцијата премиер на Украина, откако ќе биде формирана новата влада.

Тој денеска на прес-конференција изјави дека партија која го освоила првото место на изборите е должна да започне со формирање на влада, а лидерот на партијата треба да биде на чело на владата. Партијата на Јатсењук освои 22, 2 проценти од вкупниот број на гласови на изборите кои се одржаа во неделата, а партијата на претседателот Петро Порошенко, освои 21, 8 проценти.

Премиерот вели дека е време да се започне разговори со потенцијалните коалициони партнери, меѓу кои блокот кој го предводи Порошенко, партијата на Јулија Тимошенко, партијата на градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји и со партијата на Олег Луашко. Јатсењук вели дека потенцијалната листа на кандидати кои треба да го сочинуваат кабинетот треба да биде готова до 3 ноември.

XS
SM
MD
LG