Достапни линкови

Парламентот на Иран против предлозите на претседателот Рохани


Иранскиот парламент го отфрли кандидатот на претседателот Хасан Рохани за функцијата министер за наука, со образложение дека не е целосно посветен на исламските вредности.

Законодавниот дом одби да го одобри Махмуд Нили Ахмадабади за нов министер. Два месеци претходно, министерот за наука беше принуден да си замине затоа што конзервативците, кои се доминантни во парламентот, соопштија дека тој ги поддржува про-западните струи на универзитетите.

Рохани го номинираше Ахмадабади минатиот месец.

Противниците на Рохани во парламентот го обвинуваат дека тој номинира кандидати кои се пријателски настроени кон Запад или пак се против владеачкиот естаблишмент.

XS
SM
MD
LG