Достапни линкови

СДСМ: Собранието може да ги верификува оставките на пратениците


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски може да ги верификува во секој момент оставките на пратениците од опозицијата, депонирани пред пет месеци, соопшти СДСМ по синоќешната средба на Извршниот одбор со пратеничката група. Централна тема на редовниот состанок, како што наведува СДСМ, беа активностите и учеството на пратениците во фазите од реализацијата на новата Стратегија за политичко делување на СДСМ, а било разговарано и за актуелната политичка состојба во Република Македонија. „Беше констатирано дека владејачкото мнозинство е единствено виновно за правната и политичка конфузија во која се наоѓа Собранието на Македонија, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG