Достапни линкови

Во Унгарија повторно протест против данок на интерент


Овој собир беше втор во изминативе три дена и најголем во Унгарија во изминативе четири години.

Протестот во Будимпешта, според посматрачите, претставува знак на растечкото незадоволство, главно меѓу младите, поради политиката на премиерот Виктор Орбан со која се централизира власта и се зајакнува улогата на државата на сметка на приватниот бизнис.

Студирам, моите немаат многу пари, ниту, пак, јас. Страхувам дека интернет компаниите данокот ќе го вградат во нивната цена. Имам комјутер, смартфон, како ќе доаѓам до потребната литература за студирање.

Фидеш, владејачката партија на премиерот Орбан, во април годинава по втор пат освои двотретинско мнозинство во парламентот, а за Орбан тоа беше почеток и на третиот негов мандат како премиер.

Тој од 2010 година, кога го освои вториот мандат, е во судир со Европската унија и добива постојани критики од Соединетите Држави поради новите закони со кои се регулираат скоро сите организации од медиумите, до црквата.

Унгарија е под просекот во Европската унија во скоро секој дигитален индикатор, а дигиталниот сектор на стопанството е можеби главната работа која ја одржува Европа да не влезе во рецесија. Затоа оданочувањето е особено лоша идеја.

На владата на Орбан сега и се забележува дека ги заплашува независните граѓански групи, вклучувајќи ги и оние за следење на корупцијата и активистите за човекови права, како и дека настојува да ги продлабочи врските со Русија.

Владата на Орбан веќе воведе специјални даноци во банкарскиот, енергетскиот и телекомуникацискиот сектор за да го држи под контрола буџетскиот дефицит.

На собирот во Будимпешта организиран преку социјалната мрежа Фејсбук, демонстрантите го повикаа премиерот Виктор Орбан да се откаже од планот со кој провајдерите на интеренет месечно ќе треба да плаќаат по скоро 3 долари за корисник и триесет долари за компанија.

Граѓаните страхуваат дека трошоците на крајот ќе паднат врз нивниот грб.

„Студирам, моите немаат многу пари, ниту, пак, јас. Страхувам дека интернет компаниите данокот ќе го вградат во нивната цена. Имам комјутер, смартфон, како ќе доаѓам до потребната литература за студирање“, изјави еден од учесниците на протестот.

Владата најави овој предлог во минатата недела без претходни консултации со јавноста или дури со пратениците на владејачката Фидеш.

Рајан Хит, портпарол на еврокомесарката за дигитални прашања Нели Крос, изјави дека станува збор за лош план кој би можело да го закочи економскиот развој на земјата.

„Унгарија е под просекот во Европската унија во скоро секој дигитален индикатор, а дигиталниот сектор на стопанството е можеби главната работа која ја одржува Европа да не влезе во рецесија. Затоа оданочувањето е особено лоша идеја“, изјави Хит.

Европската комисија исто така страхува дека унгарскиот план би можело да го копираат и други земји членки на Унијата.

Демонстрантите во Будимпешта најавија дека ќе ги продолжат протестите додека владата не ја повлече одлуката.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG