Достапни линкови

Во Будимпешта повторно протест против данок на интерент


Околу сто илјади демонстранти излегоа на улиците на Будимпешта да протестираат поради планот на унгарската влада да го оданочи користењето на интеренетот од идната година. Овој собир беше втор во изминативе два дена. Организаторите го повикаа премиерот Виктор Орбан да се откаже од планот со кој провајдерите на интеренет месечно, меѓу другото, треба да плаќаат по над две евра за корисник. Граѓаните страхуваат дека трошоците на крајот ќе паднат врз нивниот грб.

XS
SM
MD
LG