Достапни линкови

САД и Киев ја осудија поддршката на Москва за изборите на сепаратистите


Украина је осуди, како што се наведува, деструктивната и провокативна руска поддршка за изборите организирани од проруските сепаратисти во источна Украина, додека Соединетите држави соопштија дека тие избори би биле незаконски. Гласањето е закажано за 2 ноември како одговор на украинските парламентарни избори што се одржаа на 26 октомври и на кои победија прозападните партии. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва планира да ги признае изборите во регионите на Луганск и Доњецк. Американскиот државен секретар Џон Кери предупреди дека со изборите се кршат заложбите што Русија и сепаратистите ги поодржаа со мировниот договор од Минск.

XS
SM
MD
LG