Достапни линкови

Курдски борци од Ирак во Турција


Околу 150 курдски борци познати како пешмерга од северен Ирак заминале за Турција на нивниот пат да им помогнат на сириските курди во градот Кобани што под опсада го држат милитантите на Исламската држава. Половина од борците заминале со авион, а другата половина со тешко оружје со камиони и други возила. Курдските борци заминале од една база североисточно од главниот град на курдската провинција во Ирак, Ирбил. Овој потег претходно беше одобрен од нивната влада, а до него дојде откако Анкара се согласи тие до Кобани да транзитираат преку Турција. Турскиот премиер Ахмед Давутоглу повтори дека неговата земја нема да испраќа копнени сили во Кобани. Според него, испраќањето на пешмерга борците бил единствен начин да му се помогне на Кобани, со оглед на тоа што другите земји не сакаат да користат копнени сили.

XS
SM
MD
LG