Достапни линкови

Украина со осуда за руската поддршка на сепаратистичките избори


Украина ја осуди поддршката која Русија ја дава за изборите во укранските сепаратистички региони. Според Украина поддршката е „деструктивна и провокативна“ и може да им наштети на напорите за мир. Сепаратистичките региони Доњецк И Луханск закажаа избори за на 2 ноември. Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека планираните избори од страна на бунтовниците се „псевдо-избори“ кои грубо го кршат договорот постигнат во септември. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва планира да ги признае изборите закажани за 2 ноември во источниот дел на Украина.

XS
SM
MD
LG