Достапни линкови

ОН - пораст на егзекуциите во Иран


Протест против егзекузии во Иран.

Протест против егзекузии во Иран.

Има пораст на егзекуции во Иран, предупреди специјалниот известувач на Обединетите нации за ситуацијата сo човекови права во Исламската република. Во својот последен извештај до Генералното собрание на ОН, Ахмед Шахид наведува дека најмалку 852 лица, вклучувајќи и 8 малолетни лица, биле егзекутирани во Иран меѓу јули 2013 и јуни 2014 година. Тој рече дека оваа бројка претставува „алармантен пораст“ на егзекуции во Иран. Според него ситуацијата со човековите права во Иран останува сериозен проблем и покрај неодамнешните напори на властите за промена. Тој предупреди и на цензура и други притисоци врз иранските медиуми, истакнувајќи дека околу 35 новинари во моментов се затворени во Иран.

XS
SM
MD
LG