Достапни линкови

Рамичевиќ –Уметникот не смее да биде рамнодушен!


„Насока“, самостојна изложба на скулпторот Исмет Рамичевиќ.

„Насока“, самостојна изложба на скулпторот Исмет Рамичевиќ.

„Насока“ е насловена новата самостојна изложба на скулпторот Исмет Рамичевиќ што од овој вторник, 28 октомври, се одржува во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам. За постановката се вели дека е негова лична промисла за современиот апатичен, па дури и песимистичен и крајно дефетистички однос на човекот кон социјалните, политичките и еколошките теми.

Подготвувана подолго време и концепирана според амбиентот на галерискиот простор - Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, „Насока“ на Исмет Рамичевиќ е изложба која нуди објекти, инсталации, амбиенти, видео арт и перформанс. Авторот вели дека сите тие содржини опфаќаат моменти од социјалниот живот, политиката и екологијата. Тој потенцира дека овие моменти имаат свој тек, свој развој и свој крај. Дека притоа нема никакви случајности, но, како што вели Рамичевиќ, за секој тек има и време и насока.

„Јас преку оваа изложба давам свое мислење за општата ситуација во светот која што е исполнета со кризи, со војни и со ред други грди работи. Проектот е мултимедијален и опфаќа повеќе содржини и повеќе творечки техники.

„Јас преку оваа изложба давам свое мислење за општата ситуација во светот која што е исполнета со кризи, со војни и со ред други грди работи. Проектот е мултимедијален и опфаќа повеќе содржини и повеќе творечки техники.“

Притоа скулпторот знае да каже дека изложбата за него е еден вид на личен уметнички протест и критика на современиот начин на живеење и дека таквиот момент е пресуден во неговото актуелно творештво.

Скулпторот Исмет Рамичевиќ.

Скулпторот Исмет Рамичевиќ.

„Уметникот живее во своето време и треба да даде свој поглед на реалноста. Да го одреди времето во кое што живеел. Да даде свој суд, свое гледање на нештата. Тој не смее да биде рамнодушен. Мора да реагира! Еве, имаме воена машинерија која што функционира, ама имаме и природна сила која што може да не разурне. Природата не можеме да ја победиме, со природата треба да се прилагодиме инаку таа ќе не уништи.“

Уметникот живее во своето време и треба да даде свој поглед на реалноста. Да го одреди времето во кое што живеел. Да даде свој суд, свое гледање на нештата. Тој не смее да биде рамнодушен. Мора да реагира!

Инаку, како што ќе забележи Маја Чанкуловска Михајловска во текстот за каталогот на изложбата, Исмет Рамичевиќ во поглед на континуитетот во творештвото останува доследен на веќе дефинираните принципи. Таа пишува дека „на ниво на естетика тој ја продолжува наклонетоста кон вертикалните форми трансформирани во симплифицирани цилиндрични облици“ и дека, од технички аспект, „авторот настојува да ги искористи до максимум сите можности на синтетичките материјали и конечниот визуелен ефект што се постигнува со секој од нив“.

Од таму, нималку не е случајно кога тој појаснува дека е „поборник на идејата дека уметникот треба да ја користи секоја нова технологија што е достапна на пазарот и која што би била во функција на некаква приказна“. Дека за актуелната постановка користел „мал милион цедеа кои имаат своја боја и кои го асоцираат на некоја машинерија од нано тенологијатата“, потем железо, полиестер, стиропор за кој смета дека „дава многу добри ликовни ефекти“...

„На последните изложби не ми е цел да и робувам на трајноста на уметничкото дело, поточно на експонатот. Секој експонат има свое време на живеење. Ништо не е вечно. И античките скулптури кои што се реализирани во мермер со текот на времето се оштетуваат и кај и да е полека исчезнуваат. Па, зошто тогаш јас да им робувам на таквите твдри материјали. Мене ми е битно да направам уметничко дело а потоа, по само пет минути, можам да одлучам да го уништам и да го фрлам“, вели Рамичевиќ.

Роден 1960 година во Дубница, Сјеница, соседна Србија, Исмет Рамичевиќ дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел скултура, во класата на на професор Петар Хаџи Бошков во 1985 година. Член на ДЛУМ станал две години подоцна, а денес е вонреден професор по предметите вајање, вајарски техники и цртање на Ликовната академија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Досега реализирал 18 самостојни претставувања во Скопје, Прилеп, Пловдив (Бугарија), Ниш (Србија) и Њујорк (САД), а учествували на мноштво значајни групни претставувања во земјава и во светот. За своето творештво добитник е на повеќе значајни награди и признанија.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG