Достапни линкови

Квалификации за ЕП - нов предизвик за ракометарите


Ракометна репрезентација на Македонија.
Ракометна репрезентација на Македонија.

Машката ракометна репрезентација на Македонија утре ќе одигра натпревар против Швајцарија, со што ќе ги отвори квалификациите за ЕП 2016 во Полска. В недела е мечот со Чешка.

Само четири месеци по пласманот на СП во Катар (ќе се игра во јануари 2015-та година), машката ракометна репрезентација на Македонија е пред нов голем предизвик - квалификации за ЕП во Полска во 2016-та година.

Нормално, мора да се биде оптимист и да се верува за пласман на тоа ЕП. Ние претходниве години покажавме дека имаме квалитет, дека сме добра репрезентација и со други очи не гледаат веќе во Европа.
Гоце Георгиевски, ракометар.

Овој пат ќе треба да го освоиме едно од првите две места во групата во која, покрај апсолутниот фаворит, олимпискиот и европски првак Франција, се и селекциите на Швајцарија и, според сите проценки нашиот директен ривал за втората виза за Еуро, Чешка.

Гоце Георгиевски.
Гоце Георгиевски.

Пласманот на четири Светски (1999, 2009, 2013 и 2015 година) и на три Европски првенства (1998, 2012 и 2014 година), ни носи императив, но и ни дава право да веруваме дека и по оваа битка, Македонија ќе ја продолжи серијата настапи на врвната меѓународна сцена, смета десното крило Гоце Георгиевски.

Можеби мал хендикеп е тоа што немаме доволно минутажа. Но, ние доволно пак се знаеме во репрезентацијата. Долги години играме заедно и мислам дека тоа не би претставувало некој поголем проблем во воиграноста и помеѓу самите играчи.
Гоце Георгиевски.

„Нормално, мора да се биде оптимист и да се верува за пласман на тоа ЕП. Ние претходниве години покажавме дека имаме квалитет, дека сме добра репрезентација и со други очи не гледаат веќе во Европа, после оние, исто така, клупски успеси што ги имавме и ние (Металург) и Вардар. Така што, мислам дека сме на добар пат и треба да го продолжиме тој континуитет на настапи на големите натпреварувања и дека ќе се пласираме на европскиот шампионат во Полска“, рече Георгиевски.

Пречка на тој пат, барем против Швајцарија в среда (29 октомври) и на неделното гостување во Чешка (2 ноември), ќе ни биде и тоа што поголемиот дел од репрезентативците не се во оптимална форма. Тоа е случај со членовите на нашите најквалитетни клубови, Вардар и Металург, каде што Наумче Мојсовски, Филип Лазаров, Вугринец, Марковски, Стоилов, Димовски ..., имаат многу мала минутажа. Овој проблем не е наивен, но, според Георгиевски, сепак, нема негативно да се одрази на резултатите во првите две средби.

„Можеби мал хендикеп е тоа што немаме доволно минутажа. Но, ние доволно пак се знаеме во репрезентацијата. Долги години играме заедно и мислам дека тоа не би претставувало некој поголем проблем во воиграноста и помеѓу самите играчи. Мислам дека има доволно искусни ракометари што можат да надополнат со своето искуство за овие два натпревара, со Швајцарија и со Чешка“, додаде Георгиевски.

Првиот чекор за исполнување на новата цел, избраниците на селекторот Ивица Обрван ќе треба да го направат утревечер во Скопје (17.45 часот), против Швајцарија. Според рејтингот, тоа е аутсајдерот во групата, поради што ...

„Огромни фаворити сме против Швајцарија и се друго освен победа би било неуспех за нас. Играме на домашен терен, се надевам дека пред преполна сала ќе биде, ќе дојдат да не бодрат навивачите во ’Борис Трајковски’, ќе ја исполнат салата, така што мислам дека, ете и со нивна помош, ние имаме доволно квалитет во нашите редови за да ја победиме Швајцарија“, истакна на крајот Гоце Георгиевски.

Инаку, двомечот со Франција ќе го одиграме во април идната година, а патниците за наредното Еуро ќе ги дознаеме во средината на јуни, за кога се закажани нашите реванш средби со Швајцарија и со Чешка.

XS
SM
MD
LG