Достапни линкови

Пријател на „бомбашот од Бостон“ осуден за давање лажна изјава


Џохар Царнаев.

Џохар Царнаев.

Пријател на Џохар Царнаев, бомбашот од Бостон, е осуден за давање лажна изјава за време на истрагата за нападот во 2013 година. Денеска Судот го осуди за две точки од обвинението, 21 годишниот Робел Филипос. Тој прво велел дека не ја посетил собата на Цернаев, а потоа дека се сеќава на посетата. Три лица загинаа, а повеќе од 260 беа повредени на 15 април 2013 во бомбашки напад во близина на целната линија на маратонот во Бостон. Веднаш потоа беше убиен еден од браќата што стоеше зад нападот, Тамерлан Царнаев, а Џохар беше уапсен.

XS
SM
MD
LG