Достапни линкови

Казахстан - Казни за геј реклама


Судот во Алмати одреди казна од околу 200 илјади долари за ПР компанија за објавување на контроверзна реклама. На рекламата се прикажани казахстанскиот композитор од 19 век Курмангази Сахурбајули како се бакнува со поетот Александар Пушкин. Рекламата била за промоција на геј клуб во Алмати. Компанијата која стои зад рекламата, соопшти дека одлуката е „луда“ и дека тие ќе се жалат. Тужбата против компанијата ја поднеле 34 студенти на Конзерваториумот што го носи името на композиторот. Тие велат дека рекламата ги навредува и Казахстанците и Русите.

XS
SM
MD
LG