Достапни линкови

Лавров - Москва ќе ги признае изборите во источна Украина


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва планира да ги признае изборите закажани за 2 ноември во источниот дел на Украина. Лавров во интервју за весникот „Известија“ вели дека очекува изборите да се одржат како што е планирано, а Москва ќе ги признае резултатите. Про-руските сепаратисти во регионите Доњецк и Луханск најавија дека ќе одржат избори на кои луѓето ќе си изберат свое Собрание и свои лидери.

Украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека секои локални избори одржани во Украина мора да се спроведуваат во согласност со украинските закони, што значи дека Киев нема да ги смета за легитимни изборите во Доњецк и Луханск. Гласачите од овие региони не учествува на парламентарните избори во Украина кои се одржаа на 26 октомври.

XS
SM
MD
LG