Достапни линкови

logo-print

Ќе расте и минималната плата и казните за нејзино неисплаќање


Минималната плата од јануари 2015 наместо 8.800 ќе изнесува 9.590 денари, предвидуваат новите измени во Законот за минимална плата. А следната 2016, минималната плата треба да достигне 10.080 денари. Додека пак во текстилната и кожарската индустрија минималната плата следната година треба да изнесува 8.050 денари, а во 2016, 9.000 денари. Новите измени на Законот предвидуваат и повисоки парични казни за работодавачите кои нема да го спроведуваат пропишаното. Казните за нив ќе се движат од 8.000 до 10.000 евра. Измените на Законот за минимална плата се доставени во Собранието.

XS
SM
MD
LG