Достапни линкови

ЗНМ - Собрани се парите за „Фокус“


Од ЗНМ соопштија дека се собрани сите 9.300 евра кои неделникот Фокус треба да му ги исплати на Директорот на Управата за безбедност и контра разузнавање Сашо Мијалков.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани вели дека ќе ги префрлат сите пари на сметка на Фокус. Тужбата се однесуваше на текстови објавени во сега веќе непостоечкиот дневен Фокус.

„ЗНМ и во иднина ќе ги поддржи колегите коишто неправедно ќе бидат осудени за клевета и со тоа нема да дозволиме некој со високи казни да ги обесхрабри нив, критички да ја опсервираат работата на институциите. Ако некој сметаше дека со 9.000 евра ќе ги скрши новинарите, во тоа не успеа“, изјави Селмани.

XS
SM
MD
LG