Достапни линкови

Лидерот на Северна Кореја имал операција на ногата


Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун кој со недели отсуствуваше од јавни настани, имал операција на зглобот на ногата, открива разузнавачката агенција на Јужна Кореја. Според нив странски медицински експерти допатувале во Пјонгјанг за да се грижат за лидерот, а операцијата била изведена во септември или во октомври. Не е познато како агенцијата дошла до овие информации. Отсуството на Ким ги подгреа шпекулациите за неговото здравје.

XS
SM
MD
LG