Достапни линкови

Политиката не е балет, ама и во рагбито има правила


Седница на Совет на општина Охрид.

Седница на Совет на општина Охрид.

Ниту еден адвокат од Охрид не сака да го брани советникот од ЛДП, Дејан Блажески во спор со секретарот на Општината. Тој вели дека политиката не е балет, туку е рагби, но дека е за рагби со правилна игра.

Советникот од Охрид од редовите на ЛДП, Дејан Блажески во судскиот процес со секретарот во Општината, Димитар Спасевски влезе без адвокат, бидејќи вели дека ниту еден адвокат од Охрид не се нафаќал да биде негов застапник. Спасевски го тужи Блажески за клевета за наводно изнесени од негова страна невистини за проектот лизгалиште кој беше актуелен минатото зимо и бара од него оштета од 5.000 евра. Блажески на првото рочиште мораше да се брани сам, се сомнева во притисок од власта.

Јас сум човек којшто знае дека политиката не е балет, туку е рагби, но сум за рагби со правилна игра. Продолжувам понатаму. За жал реланоста е дека јас ќе морам да увезам адвокат од Скопје.

„Изненадува фактот што и покрај сите обиди да пронајдам адвокат во нашиот град, и тогаш кога мислев дека го најдов адвокатот којшто ќе ме застапува затоа што јас сум економист, а не правник, во пет минути до 12 часот бев одбиен од адвокатот со што бев приморан сам да се бранам. Јас сум човек којшто знае дека политиката не е балет, туку е рагби, но сум за рагби со правилна игра. Продолжувам понатаму. За жал реланоста е дека јас ќе морам да увезам адвокат од Скопје со една причина за да ги одбранам интересите на граѓаните и секогаш да бидам против оние проекти што се спорни, без оглед на тоа колку пари да бараат, без оглед на тоа колку верувам во оваа палата на правда или неправда“, рече Блажески.

Дејан Блажески.

Дејан Блажески.

Повеќе од јасно е каков притисок ВМРО- ДПМНЕ прави. Тоа е таков суптилен притисок во кој никој не сака да си задава, како што тие условно го кажуваат, дополнителни проблеми.Тоа зборува колку е загрозена демократијата во оваа земја, додава Блажевски.

Тој објаснува дека стануваше збор за спорниот проект „Лизгалиште“ за кој првенствено најавија дека го прави австриска фирма, за на крај да се види дека тоа е договор на општината со една локална фирма.

„Уште повеќе, навредениот секретар кој не најде за доблест да се појави, беше испровоциран со самото тоа што беше прашан дали е тој потписник на контроверзниот договор, а контроверзен е со самото тоа што претходно во медиумите се шпекулираше дека станува збор за австриска фирма. Јас имам документација на која и самиот Спасески е потпишан на барање коешто го има испратено до градоначалникот“, вели Блажески.

Секретарот, Спасевски не се појави на првото рочиште. Се обидовме да стапиме во контакт со Спасевски, но безуспешно. Следното судско рочиште е закажано за 27 ноември.

XS
SM
MD
LG