Достапни линкови

Бајден во посета на Украина, Турција, Мароко


Американскиот потпретседател Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден се очекува во идниот месец да ги посети Украина, Турција и Мароко. Белата куќа соопшти дека во Мароко тој ќе ја предводи американската делегација на Глобалниот самит за претприемништво. Бајден во Турција ќе се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган на разговори за можното натамошно турско вклучување во напорите за справување со милитантите на Исламската држава во Сирија. Потпретседателот Бајден во Киев ќе разговара со украинскиот пртетседател Петро Порошенко со кого, како што е соопштено, бил во чести контакти во врска со кризата во Украина.

XS
SM
MD
LG