Достапни линкови

Последните британски борбени единици го напуштија Хелманд


Британското министерство за одбрана соопшти дека последните британски борбени единици ја напуштија авганистанската провинција Хелманд. Со тоа, како што е наведено, заврши 13 годишниот конфликт во кој загинаа над 450 британски војници. Ден претходно, базата Бастион им беше предадена на авганистанските сили. Британскиот министер за одбрана Мајкал Фалон оцени дека британските сили заминуваат со виско крената глава. Но, некои аналитичари предупредуваат дека британците заминале без да ја комплетираат мисијата против талибанците во провинцијата.

XS
SM
MD
LG