Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а по одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла. Попладне во јужните делови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од девет до 15 степени. Во Скопје времето претпладне ќе биде умерено облачно со услови за слаба магла, а попладне ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до 13 степени.

XS
SM
MD
LG