Достапни линкови

Украина - разговори за нова влада


Претседателот на Украина Петро Порошенко и премиерот Арсениј Јатсењук ги почнаа разговорите за формирање коалициска влада, откакао нивните проевропски партии победија на изборите во земјата. Многу Украинци се надеваат дека изборите ќе ја зајакнат земјата по политичките превирања, конфликтот во источна Украина и по анексијата на Крим. Во меѓувреме американскиот претседател Барак Обама ги оцени изборите како уште еден важен момент во демократскиот развој на Украина. Тој ги обвини „сепаратистите во источна Укрина и окупаторите на Крим“ за попречување на гласањето.

XS
SM
MD
LG