Достапни линкови

Нови разговори за Нагорно-Карабах


Претседателите на Ерменија и на Азербејџан одржаа нова средба за да се надминат несогласувањата за спорниот регион Нагорно-Карабах.
Портпаролот на ерменскиот претседател Серж Саркисијан,
на Твитер, напиша дека на двајцата претседатели подоцна им се приклучиле и од Групата Минск, во која членуваат Франција, Русија и Соединетите Американски Држави. Претходно, денеска, Саркисијан и Алиев одделно се сретнаа со францускиот претседател Франсоа Оланд.

Средбата доаѓа по неодамнешното зголемување на насилството во Карабах. Баку и Ереван е во конфликт поради Нагорно-Карабах, бидејќи сепаратисти поддржани од Ерменија го отцепија регионот од Азербејџан за време на војната во 90-тите години на минатиот век.

XS
SM
MD
LG